ВИДЕО: Спречено ширење на пожарот кон селото Зрзе, има краци кои се надвор од контрола

Од:

Нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино во чија близина попладнево избувнаа пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Кракот што се движеше во насока на Зрзе е под контрола. Пожарот кај Кошино не го загрозува селото, но останатите краци не се под контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино во чија близина попладнево избувнаа пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тој додава дека двата ер трактори на ДЗС и хеликоптерот на МВР помогнале да бидат ставени под контрола краците кои ги загрозуваа двете села во општината Долнени, но останатите краци се уште се разгорени.

Претходно, Центарот за управување со кризи информира дека попладнево на територијата на Општина Долнени избувнале два пожара.

Според ЦУК, едниот пожар е над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, а гори висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, но се заканува опасност пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.

Вториот пожар е над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума. Пожарот се приближил на околу 300 метри од првите куќи во селото.

-На терен се и прилепските пожарникари кои се обидуваат да воспостават контрола над пожарот од земја, информира ЦУК.

Од МВР инфомираа дека полицискиот хеликоптер исфрлил 23 тони вода.

– Денеска (10.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација над село Кошино, општина Долнени, прилепско, пријавен во 13.40 часот, го упати хеликоптерот Бел-212. Полицискиот хеликоптер дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и ер-трактори на ДЗС, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до две села во општина Долнени. Со хеликоптерот Бел-212 при гасењето беа исфрлени 23 тони вода во повеќе од 30 налети, со што беше спречено пожарот да се прошири и да го зафати селото, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Запалени две диви депонии во тетовско

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски