(ВИДЕО) Специјализантите на протест – Тодоров ти не си „велики брат“

Од:

Стотина специјализанти од Медицинскиот факултет се собраа денеска пред Министерството за здравство да го изразат револтот за игнорантскиот однос кон нивните барања и проблеми. Тие претходно поднесоа Петиција потпишана од 350 лекари специјализанти доставена до сите релевантни институции, а од министерството им беше ветено дека ќе биде решен нивнот проблем, тоа не се случило. Специјализантите велат дека со проблемите ќе биде запознаен и меѓународниот фактор.

Тие носеа пароли „Тодоров не е велики брат“, „Не сакам да бидам Јутјуб ѕвезда“, „Германијо чекај ме“ и велат дека досега законот е менуван пет пати, а нивниот проблем се уште не е решен.

– Проблемот на специјализантите е проблем на целото општество. Посебно е драматично дека ова се случува во време на голем одлив на лекари. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме нашите професори, специјалисти и субспецијалисти да ни се приклучат во оваа битка, да ни дадат поддршка и да се солидализираат со нас, рече докторката Билјана Додева.

Специјализантите бараат да не се снимаат испитите, кое според законот од 15 февруари треба да стартува, како и емитување јавно на интернет, а бараат и работата да им биде платена, како и држурствата, кои според нив биле неплатени.

Докторите велат дека не се откажуваат од битката и дека ќе ги искористат сите расположливи демократски алатки до конечно исполнување на нивните барања и остварување на нивните права.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

„Стоп за лоши навики“ – ЗЛС најавува нов проект за подигнување на свеста за здрав животен стил

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти