(ВИДЕО) Спасовски: Заедно со граѓаните градиме едно општество за сите

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски беше помеѓу граните на Гостивар.

Во директни средби со граѓаните Спасовски се запозна со проблемите коишто ги мачат и поразговара за решенијата на СДСМ.

-Поделбите на граѓаните во изминатите 10 години завршија. Граѓаните се обединети, сакаат Никола Груевски да замине. Заедно со граѓаните СДСМ гради подобро општество, толерантно, без поделби, без дискриминација по било кој основ, рече Спасовски.

Вистинско богатство е што Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество, велат граѓаните коишто се жалат на тешкиот секојдневен живот.

-Сите ние имаме исти проблеми, нискиот стандард, живеачката. Проблемие не прашуваат за националност, етникум или вера. Сите сакаме силна, економски стабилна Македонија, велат граѓаните на Гостивар.

-Се знае дека на 24-ти април заминува Никола Груевски. Ние нема да се занимаваме со него туку со иднината на Македонија. Како да го подобриме стандардот, да ја придвижиме економијата, младите да ги задржиме дома, во својата земја. СДСМ гради општество без поделби.
СДСМ, заедно со граѓаните гради едно општество за сите, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија