(ВИДЕО) Спасовски за БХРТ: Решението мора да биде политичко со вклученост на ЕУ

Од:

Дел од интервју на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, дадено за јавниот радио-телевизиски сервис на Босна и Херцеговина (БХРТ)

Спасовски: Единствено решение на оваа ситуација е оваа Влада на чело со Груевски да си поднесе оставка и да ги ослободи институциите на системот што денеска се окупирани од страна на овие политички субјекти кои се на власт, тоа се ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, да ги ослободат судските власти од притисокот, да имаме ослободени медиуми коишто би можеле транспарентно да известуваат за сите случувања во Република Македонија и да се создадат барем малку фер и демократски услови, за да можат да се одржат нови парламентарни избори.

Знаете дека во тек е правен процес што се води против нашиот претседател Зоран Заев, лидерот на опозицијата. Тој процес го водат луѓе кои се поставени директно од оваа власт и не очекуваме дека оваа криза може да ја реши каква било правна процедура. Значи, мора да има политичко разрешување и затоа бараме високите претставници на Европската Унија да бидат вклучени во целата оваа ситуација.

Новинар: Тоа ме интересира, колку се всушност тие подготвени да учествуваат во разрешувањето на оваа криза, со огледа на тоа што е невозможно со Владата да се комуницира? Јас постојано се обидувам да договорам изјава, не успеав со никого од Владата да договорам изјава. Дали сега тие избегнуваат да се појават пред камери поради целата оваа ситуација?

Спасовски: Видете, јас мислам дека Европската Унија и нејзините претставници се повеќе заинтересирани за решавање на ова политичка криза отколку што е самиот Груевски или кој било друг владин функционер во оваа држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски