(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ го крши договорот од Пржино

Од:

Тимот на специјалниот јавен обвинител не е избран до крај со што се крши и законот за специјално јавно обвинителство, не е усогласен законот за Влада со што уште еднаш Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни работи, како и избор на министер за труд и социјала и заменици министри, бидејќи на тој начин сметаат дека може да ги сокријат сите злодела коишто се направени во овие ресори, посочуваат од СДСМ по изјавата на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека опозицијата ги одолговлекува преговорите.

-ВМРО-ДПМЕ го крши договорот од 2 јуни / 15 јули – изјави веднаш потоа генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Очигледно се потврдува дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се подготвени да се соочат со сопствената одговорност за се она што го направија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатите 9,5 години. Единствено одговорни ако Македонија ја загуби препораката за членство во ЕУ ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Договорот е дециден, многу јасен и тој треба да се испочитува до крај и од тоа не треба да се прави никаква фама, бидејќи ниту помалку, ниту повеќе, доволно е се опфатено во договорот од Пржино – рече тој.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски