(ВИДЕО) Спасовски: Тековната година неповторлива шанса за европерспективите на државите од Западен Балкан

Од:

Регионот на Западен Балкан оваа година има неповторлива шанса во однос на својата европска перспектива, а Берлинскиот процес има голем удел во реализирање на таа цел, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Струга, каде имаше обраќање на Подготвителниот состанок за усогласување на Меморандум за разбирање за размена на информации на земјите од Западен Балкан што во рамки на Берлинскиот процес же биде потпишан на Самитот во Лондон.

– Градењето модерни европски демократии пред се е во интерес на нашите граѓани, во интерес на нашите земји и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион. Република Македонија од пред речиси точно една година има ново лице, како држава на можности , а не на кризи, Македонија интегрирана во Европската унија и во НАТО преку исполнување на сите критериуми кои што се очекуваат од нас, рече Спасовски.

Целта на овогодинешниот Самит во Лондон за разлика од претходните во Берлин, Париз, Виена и Трст – меѓу другото – е зајакнување на регионалната безбедносна соработка во насока на справување со заедничките закани, меѓу кои и корупцијата, сериозниот и организиран криминал, трговијата со луѓе, дрога, оружје, борбата против тероризмот и насилниот екстремизам.

– Процесот на интеграција во ЕУ не е цел, туку механизам за да не направи нас – земјите од Западен Балкан – поподготвени да можеме да станеме дел од Европското семејство на нации. Со други зборови, рамката е дадена и зацртана. Перспективата е јасна. Треба да се завршат домашните задачи, нагласи Спасовски.

Амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет ја потенцираше важноста од одржувањето на овој состанок во Струга, во најголем дел за самите граѓани од регионот, како најзасегнати од ефектите од криминалните активности и корупцијата.

– Токму криминалот и корупцијата ја поткопуваат безбедноста на граѓаните од нашите држави, а безбедноста е една од трите главни теми за кои ќе се дискутира на претстојниот самит, кој ќе се одржи на 9 и 10 јули во Лондон. На тој самит ќе се посвети внимание на начините на кои би можеле да ја зацврстиме нашата соработка и секако се радуваме на присуството на министерот Спасовски на тој настан, рече Гарет.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он