(ВИДЕО) Спасовски: Српската заедница рамноправно учествува во градењето на нашата земја

Од:

Премиерот Оливер Спасовски заедно со владина делегација, вечерва присуствуваше и се обрати на свеченоста по повод празникот Сретение Господово и Денот на државноста на Република Србија организирана од граѓанските организации на српската заедница во нашата земја.

Во рамки на манифестацијата која се одржа во Националната установа „Македонски народен театар“ беше организирана богата културно-уметничка програма.

„Со чувство на посебна почестеност ја прифатив поканата да се обратам на овој свечен настан по повод празникот Сретение Господово, кој, воедно, е и празник на државноста на Република Србија.

Заеднички работиме и си помагаме на забрзување на интеграцијата во Европската Унија на нашиот регион, врз основа на индивидуални заслуги и резултати на секоја земја посебно.

Нашиот заеднички придонес во одбележувањето на празникот Сретение Господово и денот на државноста на Република Србија, е дел од нашата заложба за континуиран жив и силен интерес за одржување и унапредување на односите меѓу нашите две земји.

Силна алка, на тие односи меѓу Северна Македонија и Србија, е заедницата на Србите во нашата земја и заедницата на Македонците во Србија”, истакна Спасовски.

“Унапредувањето и надградувањето на меѓусебните односи е наша водилка која ќе се пренесе како непроценливо богатство за сегашните и идни генерации.

Нашата меѓусебна почит и вреднување, нашата соработка и врските кои постоеле помеѓу македонскиот и српскиот народ, од секогаш се нашата предност која посветено треба да ја развиваме.

Тоа е нашиот заеднички сериозен придонес во изградбата на подобра иднина за нашите народи, за нашите држави и за нашиот регион.

Нашата цел е создавање на одржливо граѓанско општество, во кое ги афирмираме и воспоставуваме меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во нашата земја, со истовремено признавање на етничките, националните, верските и културните разлики.

Tокму оваа цел е посебноста и суштината на нашето заедништво”, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители