(ВИДЕО) Спасовски – Соботка: Јасна поддршка од Австрија за европските перспективи

Од:

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со делегација на Националниот совет на Република Австрија, предводена од претседателот на Советот, Волфганг Соботка. На средбата, како што информира владината прес-служба, е соопштено дека продолжува јасната поддршка од Република Австрија за европерспективите на нашата држава и за отворањето на преговорите со ЕУ.

-Изразени се честитки за патот што го изоде Република Северна Македонија во реформскиот процес и во добрососедските односи. Констатирано е дека Договорот од Преспа е пример за решавањето чувствителни билатерални прашања и во целиот регион. Посебно е посочен како важен чекор за напредокот, донесениот Закон за јавно обвинителство, се вели во соопштението од Владата.

Премиерот Спасовски се заблагодари за пријателската, искрена и континуирана поддршка што ја добива нашата држава од Република Австрија.

-Денешната средба се случува во важен период, кога очекуваме нашата држава да стане полноправна членка на НАТО, а по донесените важни, храбри и визионерски одлуки, со право очекуваме и одлука за почеток на преговорите со Европската унија. Продолжуваме да даваме позитивни аргументи и остануваме посветени на реформските процеси и на сите аспекти што се очекуваат од Република Северна Македонија, во однос на преговарачкиот процес, истакнал премиерот Спасовски.

На средбата се разговарало за можностите за поефикасна економска соработка, како и за можен придонес од пријателите од Австрија во делот на што поквалитетни законски решенија. Оценето било дека економската соработка е на добро ниво и дека има можности за натамошен развој.

Разговарано е и за миграциската состојба, при што е потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете држави. Премиерот Спасовски соопштил дека нашата земја е подготвена, преку заеднички европски политики, како и досега, да има усогласен настап во врска со решенијата по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка