(ВИДЕО) Спасовски: Со масовна излезност да ги спречиме злоупотребите на власта

Од:

Денеска сме овде во Струга, со граѓаните, како дел од кампањата да поразговараме и да ги претставиме мерките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. После овие 8 години власт на ВМРО – ДПМНЕ навистина на граѓаните на Република Македонија им се потребни промени. Промени на многу работи коишто треба да се случат, коишто ги упропастија Никола Груевски и неговата Влада. Треба да направиме промени затоа што треба да имаме промени за нов почеток на Република Македонија, вели Оливер Спасовски.

Почеток за просперитетна држава, нов почеток за да останат младите во Република Македонија за овде да ја градат својата иднина. Нов почеток за секој пензионер да биде сигурен во примањето на својата заработувачка. Нов почеток за секој вработен заради тоа што треба редовно да зема плата и да биде ценет неговиот труд. Треба да направиме нов почеток за да имаме силно гарантирани работнички права коишто беа овие години упропастени.

Токму заради тоа, програмата која што ја нуди Социјалдемократскиот сојуз, се базира на концептот на враќањето на средната класа. Програма која е реално остварлива и програма којашто ќе понуди една нова перспектива за граѓаните на Република Македонија. Многу од мерките коишто значат враќање на парите пред се кај граѓаните, покажуваат и укажуваат на ставот и принципот на Социјалдемократскиот сојуз.

Ако ВМРО – ДПМНЕ говори цело време дека државата е пред се, ние од СДСМ и од здружената опозиција сметаме дека граѓаните се пред се. Џабе е да имате држава ако ги немате граѓаните. А заслуга на оваа влада на ВМРО – ДПМНЕ е тоа што над 450.000 граѓани ја напуштиле Република Македонија во последните 5-6 години од којшто 230.000 се млади луѓе. Затоа мора да направиме се во наредниот период да се избориме да ги направиме промените во Република Македонија. Да се избориме за една просперитетна иднина.

Ги повикувам и граѓаните на Струга масовно да излезат на вториот круг на гласање и на 27-ми со масовен одзив да покажеме дека сме спремни да ги спречиме сите злоупотреби на ВМРО – ДПМНЕ и на Груевски што ги прават на денот на изборите. Масовно да излеземе за да покажеме и да го кренеме нашиот глас дека сме за промени во Република Македонија. Со една таква масовна излезност да покажеме дека сме определени за европскиот пат, за НАТО, за просперитетна, демократска и пред се слободна Македонија. Тоа е нешто што и недостига и на државата и на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат