(ВИДЕО) Спасовски се обрати од изолација: Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите

Од:

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, во видео обраќање по препораката на епидемиолозите да оди во домашна изолација, изјави дека Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом.

Премиерот Спасовски на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој има позитивен резултат на тестот за коронавирус, му посака успешно закрепнување и добро здравје.

„Владата ќе функционира непречено, преку интернет конференциската врска и ќе ги извршуваме секојдневно обврските и приоритетите во овие вонредни услови. Кризниот штаб и Владата, како и во изминатите денови ќе се состануваат секој ден, преку видео врска“, вели тој.

Спасовски тврди дека ширењето на коронавирусот во земјава е во рамки на очекуваното.

„Анализата покажува дека земјата ни се движи според проектираното контролирано сценарио, без екстремно висока експанзија на новозаболени. Од друга страна, расте бројот на излечени. Пред два дена сите се израдувавме, имавме 42 оздравени наши граѓани само во еден ден. За ја задржиме постоечката контрола врз ширењето, и за да дојдеме до моментот кога бројот на излечени ќе станува поголем од бројот на новозаболени, мора секој од нас да даде придонес.
Потребен е сериозен и одговорен однос од секој од нас. Само така ќе успееме“, изјавува Спасовски.

Во пресрет на Велигденските празници, тој повика на одговорност и смиреност.

„Да го направиме тоа во достоинствен ред. Со два метри дистанца од секого. А, маркетите и другите продавници задолжително да се погрижат за редот и дистанцата. Маркетите се добро снабдени, секој ќе може да го набави потребното. Само трпение, дистанца и почит кон другите. Тоа ќе ни донесе здравје. Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите“, вели Спасовски.

Тој вели дека свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот.

„Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот“, порача Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните