(ВИДЕО) Спасовски: Просечна плата од 30 000 денари за остварување на сите семејни потреби

Од:

„Дополнителен мотив на секој граѓанин и во Куманово и во Македонија е да направиме се и да се избориме за нашите млади да останат овде. Бабите и дедовците да имаат достоинствена старост ама внуците да ги гледаат овде во Македонија, а не преку интернет. Предвидуваме гарантирање на минималната плата на 12 000 денари во првите сто дена од формирањето на владата предводена од СДСМ. Предвидуваме просечна плата од 30 000 денари што би значело дека во едно семејство со двајца вработени буџет од илјада едва, да можат нормално да живеат, да можат да ги остварат сите потреби на семејството, да имаат егизстенција.

За сето ова да се исполни мора да направиме се да се врати правдата во Македонија, да има правда за сите граѓани. Да се напушти овој момнет на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, каде што правда има само за Груевски, Мијалков и нивните семејства. Сите останатите граѓани, но можат д аостварат права ниту во државните институции. Не можат д аостварат право во катастар. Сите нивни имоти се измешани и за тоа мора да плаќаат огромни пари. Најавувам дека државата, на сопствен трошок ќе ги исправи сите тие работи кои се погрешно направени, беаз да плаќаат граѓаните. Само на тој начин ќе се создаде праведно општество во Македонија.

o-spasovski1

За да има правда за сите мора да има независно судство. Затоа храбро најавуваме, генерален реизбор на сите судии, веднаш по формирање на новата влада на СДСМ. Оние кои суделе врз основа на закон повторно ќе имаат шанса да судат. Оние кои не суделе по закон, туку суделе по повикот на Груевски, ќе си одат дома и ќе одговараат за сето она што им го направиле на сите граѓани со лошите судски спорови“, изјави Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2.

o-spasovski2

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски