(ВИДЕО) Спасовски побара до понеделник информации за нападот на новинарите и на општина Центар

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по денешната посета на СВР Скопје најави дека побарал инфорамции до каде се истрагите врз нападите на новинари како и за нападот на општина Центар.

-Се договоривме до понеделник на мое барање да се достават сите информации за нападите врз сите новинари во Скопје, зашто има сериозни напади, да видиме до каде е постапката и истрагата, да видиме исто така и во однос на нападот на општината Центар, рече Спасовски.

Според него, безбедносната состојба во Скопје е стабилна, а зголемените мерки на безбедност се превентивни за виталните објекти и дипломатско-конзуларните претставништва.

Министерот соопшти и дека при денешната посета на СВР Скопје се разговарало за убиството во скопското село Грчец.

-Навистина тоа нешто е удар врз стабилноста, полицијата излезена е од синоќа на лице место, се спроведува истрагата, телата се дадени на обдукција. Сите потребни работи се преземени, се работи на тоа да се утврди дали наводите за одредено осомничено лице се вистинити, и чим се дојде до таков податок ќе ја информираме македонската јавност во однос на ова убиство, рече министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина