(ВИДЕО) Спасовски: Откриени се 70.000 формулари за дупликат возачки дозволи

Од:

Седумдесет илјади формулари за дуликат возачки дозволи се пронајдени во магацинот на МВР, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според него, овој скандал се случува во времето кога МВР било предводено од страна на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и нивните соработници.

– Денеска ќе обелоденам нови злоупотреби на лични документи што можеби се користат и за други намени во државата или надвор. Истрагата што ја отворив во МВР овојпат дојде до 70 илјади дупликат возачки дозволи во МВР. Истрагата покажува вмешаност во скандалот на висок раководител во Министерството за внатрешни работи, рече Спасовски.

Спасовски вели дека помошникот во МВР кој работи во оваа област бил известен за формуларите за дупликат возачки дозволи, но тој не реагирал се до налогот за попис во магацинот, а тоа му го признале вработени во министерството.

Истите формулари рече тој, постојат во МВР со ист сериски број, а почнати се со пополнување на 7 февруари, 2014 година.

Според министерот постои индиција за криминал со личните податоци како и за стекнати повеќе милони евра нелагални пари.

Спасовски оформил комиија која го проверила магацинот на МВР при што е утврдено дека овие 70.000 формулари не постојат во комјутерот на МВР.

Тој вели дека фирмата добавувач на возачките дозволи побарала итна средба со него, а претставниците биле изненадени зошто никој не ги известил за дупликатот на возачките дозволи.

Спасовски не се согласил да бидат повлечени овие 70 илјади возачки дозволи од фирмата и истакна дека ќе формира комисија која ќе ги уништи дозволите и на тој начин ќе спречат можен криминал со лични документи или идентитети.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски