ВИДЕО: Хрватска и С. Македонија ги имаат прифатено европските вредности за неправење разлика меѓу етничките заедници

Од:

Хрватска како земја членка на ЕУ и Северна Македонија како кандидат за членство на чекор до отпочнување на преговорите со Унијата ги имаат прифатено европските вредности за почитување солидарност и неправење разлика меѓу луѓето од различни етнички заедници. Националната стратегија за развој на концептот „Еднакво општество за сите“ усвоена пред нова година, треба да придонесе за еднаквоста и интеграцијата на општеството преку интеркултурен дијалог и интеракција помеѓу мноштвото различни култури и идентитети, вклучително и етничките заедници, со што се врши целосно усогласување на меѓународните обврски и препораки на клучните меѓународни организации – ЕУ, Советот на Европа и ОБСЕ.

Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на еднодневната конференција насловена „Статус и положба на национални малцинства во Република Хрватска и Република Северна Македонија“ организирана од Заедницата на Хрватите во Северна Македонија под покровителство на Агенцијата за остварување на права на задниците“, во рамки на проект финасиран од Европската комисија.

-Јас сум застапник на ставовите дека правата на граѓаните во демократски уредени држави не се еднаш засекогаш дадени и дека секогаш можат да се унапредуваат. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Ќе продолжиме да ги учиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста и недискриминацијата по сите основи се придобивки кои можат уште повеќе да не поврзат, рече Спасовски со уверување дека од конференцијата ќе пропизлезат насоки за унапредување на правата на граѓаните во двете држави како што доликува, вели, на земји со докажано традиционално заемно пријателство.

Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ истакна дека двете земји имаат навистина пријателски односи, а мост на пријателството се и заедниците на Хрватите во Северна Македонија и на Македонците во Хрватска. Изрази надеж дека хравтското малцинство во нашата земја ќе има компатибилна положба со таа на македонското малцинство во Хрвтска и оти со претстваниците на институциите во Северна Македонија ќе пронајдат начин како Хрватите овде да станат интегративен дел од државата и општеството.

– Изминатите денови сме сведоци на ангажманот на Хрватска во својство на претседвач со ЕУ и на премиерот Пленковиќ кој на прво место го истакна ангажманот да ги увери европските лидери дека Северна Македонија заслужува да ги отвори пристапните преговори. Во тој дух на пријателски односи и силна и потврдена поддршка на Хрватска за евроинтеграцијата на Северна Македонија ќе тежнееме и положбата на националните малцинства биде во склад со вкупната политика на нашитите две земји, рече амбасадорката Тигањ.

На форумот се обрати и заменик државниот секретар во Средишната канцеларија за Хрвати во Република Хрватска, Дарио Магдиќ, кој истакна дека Хрватска во својот Устав ги има наведено сите 22 национални малцинства и има Уставен закон за национални малцинства со што е создадена нормативна рамка за заштита на правата на националните малцинства според највиоските европски стандарди, а се осврна и на очекувањата за натамошно унапредување на статсусот на хрватската заедница во соработка со македонците институции и претстваниците на хравтското малцинство.

Набројувањето на сите национални малцинства во Уставот по примерот на Хрватска на конференцијата беше истакнато од организаторот како модел кој може да се имплементира и во Северна Македонија со што сите заедници вклучително и хрватската заедница би си го нашле своето релевантно место во сите правни акти, а со тоа и статусот во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски