(ВИДЕО) Спасовски: Нема хаос во МВР, сакам да работам со професионалци

Од:

Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека не им престануваат сите надлежности на раководителите во МВР, тука дека донел одлука за пренесување на надлежностите.

-Тоа е нормална постапка, да видиме во каква позиција влегуваме. Денеска дел од надлежностите ќе бидат вратени на структурите во МВР, така што нормално функционира, нема потреба никој да биде загрижен во министерството, секој што е професионалец, ќе биде ценет, и во тој дух ќе биде мојата натамошна активност, рече Спасовски кој учествуваше на церемонијата за одбележување на 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Според него, ова е пренесување на надлежностите, нема кадровски промени засега во МВР.

-Сакам да биде јасно дека ова е нормална постапка при промена на министерот за внатрешни работи, за овие надлежности да бидат повторно предадени од новиот министер за внатрешни работи. Не сум размислувал за промени на нови кадри, влезот е да ја видиме состојбата во министерството, да видиме каква е финасиската состојба, какви се човечките ресурси, па прво да ги видам овие работи, а понатаму со јавноста ќе се споделат сите информации. Професионализацијата во МВР е врвен приоритет, таму има многу луѓе кои се професионалци, благодарение на кои функционира Министерството за внатрешни работи и јас сакам апсолутно да продолжам да работам со сите професионалци во министерството.

За обвинувањата за луксузни возила, Спасовски кажа дека не станува збор за никакви возила, туку за возило кое според законот е ставено на располагање на новиот министер.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски