(ВИДЕО) Спасовски: Не може Јанкулоска секој сектор на МВР да го прави штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Не смееме да дозволиме уште едни криминални избори и на тој начин да се дозволува системски да се уништува волјата на граѓаните на Република Македонија, волјата на избирачите.

Затоа не се прифаќаат мандатите за пратеници во Собранието на Република Македонија и да се сврти должно внимание и на македонската јавност и на меѓународната јавност дека навистина во Република Македонија демократијата претставува мисловна именка, рече Оливер Спасовски на синоќешната трибина на СДСМ во Прилеп.

Не може министерката за внатрешни работи секое одделение или сектор на министерството да го прави штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а секој полицаец да биде активист дали е по негова желба или не.

Не може да дозволиме да се злоупотребува правото на глас преку водење различни кампањи.

Да се злоупотребуваат лични карти и пасоши без разлика дали биле правени на машини или на машинчиња. Не станува збор за 200 илјади фалсификат, туку станува збор за фалсификат на пасоши, што се објави на еден од медиумите во Република Македонија.

Tribina, Prilep f1

И наместо да се паметува како и на кој начин треба да се менаџира оваа криза, којашто ја има Владата, треба час поскоро Јавното обвинителство да излезе и да ги согледа фактите и аргументите, бидејќи не смее во една демократска и слободна држава, да се дозволи ниту еден пасош, ниту една лична карта да биде злоупотребена, фалсификувана.

Ве повикувам сите заедно масовно и активно да се вклучиме без никаков страв и колебливост бидејќи ќе биде и чест и достоинство да бидеме дел од оваа генерација којашто мора, и набргу ќе се справи, со оваа расипничка власт на Груевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он