(ВИДЕО) Спасовски: Навремено ќе ги подмируваме државните долгови

Од:

„Сакам да ви кажам дека државата должи и е најголем должник воопшто, но не нзаеме колку. Зборувам од аспект на министер, кога гледате од надвор и тоа што ќе го затечете внатре, како граѓани не знаеме ниту пет отсто од она што навистина се случува. Ние преземавме обврска, во првите 100 дена од формирањето на новата влада, сите обрвски на државата да ги систематизираме и да објавиме план, како да ги исплатиме парите кај граѓаните.

Односно и кај фирмите и кај граѓаните. Сега во Гази Баба, во Стајковци, ништо не е исплатено. Велат, им исплаќаме 100 проценти од штетите, ама тие 100 проценти значат ако е штетата 10 000 евра, тие ја процениле на 1000 евра и исплаќаат 1000 евра и велат дека исплатиле 100 отсто а останатите 9000 евра ги нема никаде.

Така што, тоа е мојот одговор, ќе направиме проценка и врз основа на таа проценка што ќе ја направиме во првите 100 дена ќе објавиме план како ќе ги исплаќаме долговите и спрема граѓаните и спрема фирмите“, рече Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, при синоќешните средби со граѓани на Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема