(ВИДЕО) Спасовски: Мој приоритет е да се релаксираат граѓаните на Македонија

Од:

Тоа е номинацијата која што ја добив од партијата и од договорот од Пржино. Нормално приоритети на новиот министер,моите приоритети, да се релаксираат граѓаните на РМ. Да не се чувствуваат исплашени и под притисок, да ја релаксираме воопшто состојбата во државата, и само со релаксација на состојбата, со слободни граѓани, можеме да имаме слободна држава што ќе може да носи сериозно одлуки за иднината на РМ, одговори спасовски на прашање за неговиот прв работен ден како Министер за внатрешни работи.

Дента кога ќе бидете министер ќе се изнаслушаме се и сешто. Министерот само што стигнал разрешил овој, разрешил оној. Знаеме кои се рамките и вашите можности ова да го правите. Очигледно е дека мора да промените некого, да имате доверба за идната соработка. Ќе промените ли некого?

Целта на мене и на СДСМ не е да владееме со Груевски и ДУИ, туку да бидеме контролен механизам и во тој дел сакам во Министерството сите да бидат релаксирани. Нема да влезам во МВР и нашите министри во другите министерства да разрешуваме и креираме политики. Ние сакаме да биде контролор на оваа власт и навистина секој од министрите да создаде минимум тим за да може да работи. Тоа се очекувањата на граѓаните и во тој правец ќе биде делувањето внатре во Министерството за внатрешни работи.

Зошто на 11 мај не бевте да ги посетите повредените полицајци во болница, а во меѓувреме се сликавте во Диво Насеље?

Оваа е констатација која доаѓа од провладините медиуми. Во овие моменти како и на кој начин да се води црна кампања да се оцрнат другите. Меѓутоа јас ќе прашам, каде е одговорноста на Груевски, и на сите останати, Чавков, Јанкуловска, Мијалков и зошто се случи ова што се случи во Куманово? Јас ги почитувам сите структури во МВР, меѓутоа нашиот гест, на претседателот Заев на посета на подрачјето на креираната криза во РМ даде еден сигнал за заедништво, храброст и единство меѓу населението и тоа е клучната порака што сакаме да ја пратиме од тој собир. Секакви вакви глупави коментари што се даваат во моментот не одат во прилог на релаксирање на односите меѓу граѓаните на РМ. Јас знам дека специјалните единици, дека полицајците во РМ најдобро знаат што значење таа акција и зошто достигнавме таква катастрофа во РМ.

Која е вашата стратегија, имате ли стратегија за промена на подобро во МВР?

Дозволете да заврши изборот и понатаму ќе седнеме ќе разговараме пред се со медиумите и граѓаните за сите прашања кои ќе ги превземам во МВР.
Кога очекувате избор?

Најверојатно понеделник треба да се одржи седницата, можеби вторник, но тоа заврши од претседателот на собрание и тоа му го оставам нему.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата