(ВИДЕО) Спасовски: Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан испраќа јасна порака за европската перспектива на регионот

Од:

Овој Министерски форум се одржува во исклучително важен период за Република Северна Македонија. Во изминатиот период решивме големи предизвици, чие решавање на сите им се чинеше невозможно. Успеавме, затоа што сите имавме силна мотивација – европската перспектива за нашата држава и за нашите граѓани. И покрај сите препреки со кои се соочуваме на нашиот пат кон ЕУ, сепак, земјата не отстапува од европскиот курс, од реформите, градењето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Ова, како што соопшти МВР, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на отворањето на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Северна Македонија под покровителство на финското претседателство со Советот на ЕУ, а на кој присуствуваат и еврокомесарите за внатрешни работи и миграции, Димитрис Аврамопулос и за правда – Вера Јоурова, потоа министрите за внатрешни работи и за правда на Финска, Марија Охисало и Ана Маја Хенриксон, како и претставници на Еврокомисијата, на Европскиот совет, на Еуроџаст, Европол, Венецијанската комисија и други. Од земјите од регионот учествуваат делегации од Србија, Албанија, Босна и Хрцеговина, Црна Гора и Косово, како и од нашата земја, како домаќини на министерскиот форум.

Изразувајќи го задоволството што нашата земја ја доби можноста да биде организатор на овој Форум, министерот Спасовски истакна дека самиот тој чин претставува испраќање на јасна порака за европската перспектива на регионот на Западен Балкан, како единствена алтернатива која ќе обезбеди мир, стабилност и просперитет на негови граѓани.

Тој се осврна и околу заедничките предизвици во областа на безбедноста, кои што единствено можат да се решат со заедничка соработка и цврсто партнерство со земјите од Европската Унија, изразувајќи го уверувањето дека дискусиите од денешниот Министерски форум ќе отворат нови перспективи за градење на заеднички одговор во справувањето со илегалната миграција, организираниот криминал и тероризмот, но и за зацврстување на мостовите на соработка помеѓу државите од регионот.

Финската министерка за внатрешни работи ја потенцираше поддршката на Финска за регионот кој, вели, е од висока стратешка важност за Европската Унија.

– Заедно постигнавме многу во овие изминати години. Целта е да го видиме ова соседство како членка на ЕУ. Ќе продолжиме да работиме и да го поддржуваме Западен Балкан, односно европското соседство, рече еврокомесарот за внатрешни работи и миграции Аврамопулос во воведното обраќање, упатувајќи благодарност на властите на земјава за одличната организација на овој важен Министерски форум.

Според него, ситуацијата со мигрантите во овој регион не е ни блиску до она што се случуваше во 2015 и 2016 година.

– Сепак, притисокот од мигрантите расте и затоа треба да останеме будни. Веќе докажавме дека сме посилни кога работиме заедно. Сите ја имате нашата поддршка, подвлече еврокомесарот Аврамопулос.

Предвидено е во трите работни сесии на Форумот денеска да се говори на темите поврзани со миграцијата, безбедноста на границите, соработката со Фронтекс, потоа околу заедничката борба против тероризмот и превенцијата од насилниот екстремизам, како и борбата против организираниот криминал, со посебен осцврт на трговијата со луѓе и шверцот на дрога и оружје. На форумот ќе бидат презентирани и приоритетите на делување во текот на идното хрватско претседавање со Советот на Европа, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР: Се истепале вработени во здравствена установа во Скопје

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

МВР: Скопјанка нападнала новинар, но и полициски службеник

Тошковски: Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата

Орце Костов

Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Анита Петровска Рајковиќ

Приведена тетовка барана со потерница