(ВИДЕО) Спасовски: Ќе поднесеме кривична против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи

Од:

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „Влен“ за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околу денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.

-Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријва против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу заради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека од страна на претседавачот на Комисијата, Фетаи грубо беше прекршен Деловникот на Собранието, поточно членот 131, со што таа директно го прекршила Деловникот на Собранието, со тоа што, како што рече, не дозволи воопшто да се отвори расправа за предлог дневниот ред, ниту можност за изменување и дополнување на дневниот ред со образоложение дека претседателот на Собранието, Африм Гаши го утврдил дневниот ред и немало потреба да се утврдува дневен ред од страна на членовите на Комисијата.

-Членот 131 од Деловникот говори дека „дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата“. Ставот два вели „во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, претседателот на Собранието, и Владата“. Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола Законодавниот дом. Притоа правата на пратениците да ги загрозат, да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашање коешто сака да ги постави парламентарното мнозинство, рече тој.

Според Спасовски, ова е невиден атак на демократијата и рушење на демократичноста и демократијата во Законодавниот дом, таму каде што, како што рече, демократијата треба да биде најразвиена, затоа што Собранието по правило е храм на демократијата.

Би можело да ве интересира

Kривична пријава за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево

А1он

Кривична против 11 кумановци – направија шема за увоз и регистрација на половни моторни возила по половина цена

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Кривична за скопјанец за поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца

А1он

Кривична пријава против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“, едно лице лишено од слобода

Гостиварец објавувал фотографии од девојки со сексистички содржини од лажен профил