(ВИДЕО) Спасовски: Ќе ја вратиме правдата, ќе го вратиме животот во Македонија

Од:

„Ги плаши тоа што нема да има Сваровски судство, ги плаши тоа што во судството ќе нема судии од нечиј тефтер. Ги плаши тоа што нема да можат да диктираат пресуди. Ама затоа ќе има правда!

Правда пред која сите ќе бидат еднакви, правда која ќе суди по закон а по нарачки!

Затоа најавувам – Генерален реизбор на сите судии во Македонија! Секој судија ќе биде оценуван за неговата работа во изминативе години!

Уште на почетокот на мандатот ќе го продолжиме мандатот на Специјалното јавно обвинителство, затоа што освен политичка, мора да има и правна разрешница за се она што и се случуваше на Македонија.

Доаѓа време на одговорност и правда. Ќе има правда за сите и за тоа нема пазарење со никого и за ништо.

Секој оној кој прекршил каков било закон – ЌЕ ОДГОВАРА! Секој што украл – ЌЕ ВРАТИ СЕ ДО ДЕНАР!

По 11 декември доаѓа време на одгворност и решителност. Доаѓа време на правда. Македонија мора да стане правна и стабилна држава

Затоа на 11 декември кога ќе бидеме сами зад параванот да одлучиме дали сакаме нови четири години владеење на Тодоров и Груевски или еднаш засекогаш ќе ги вратиме демократијата и правдата.

Но за да ја вратиме правдата, прво ќе мора да го вратиме животот. За да го вратиме животот, треба да го избереме Планот за живот во Македонија!

Ајде во недела масовно да дадеме поддршка на Планот за живот во Македонија, да заокрижиме четири и да ги вратиме правдата и животот во Македонија. Ајде сите заедно и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми и Власи и сите други, да покажеме дека сме одлучни да го победиме режимот и да имаме правда, да имаме живот тука, во Македонија“, рече Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ2 на синоќешниот митинг во Куманово.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром