(ВИДЕО) Спасовски: Инвестиции за општина Старо Нагоричане ќе продолжат и во иднина за развој на општината

Од:

Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со градоначалничката на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска со која разговараа за тековните проекти во оваа рурална општина кои се реализираат со поддршка на различните програми од Владата, насочени за развој на локалните самоуправи.

Во општината, изјави Спасовски пред Меморијалниот Центар АСНОМ, се спроведуваат проекти од програмите за рурален развој и поддршка во земјоделството.

– Во таа насока се договоривме со градоначалничката Јовановска да ги зајакнеме започнатите заеднички активности кои се однесуваат на приближување на можностите до граѓаните земјоделци во општината да ги влечат придобивките од владините програми за развој на земјоделството и руралниот развој. Тука е бесплатната зелена нафта и повратот на персоналниот данок за земјоделците, средства кои тие можат да ги реинвестираат во модернизација на нивните земјоделски дејности-изјави Спасовски.

Тој ја потенцираше и програмата за поддршката млади и на жени земјоделки за кои се определени средства и до 10.000 евра и ИПАРД програмите за финансирање во земјоделството и сточарството за што има бесплатна обука на фармери за искористување на средствата.

Општината се карактеризира со голема оддалеченост помеѓу селата, планинскиот предел рече Спасовски и затоа е вложено во патната инфраструктура.

– Во изминатите три години, како централна власт инвестиравме 1.430.000 евра за патната инфраструктура во општината. За рехабилитација на регионалниот пат Младо Нагоричане – Пелинце и за регионалниот водовод за Младо Нагоричане, за којшто се почнати подготвителните активности и за кој се наменети 820 илјади евра, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека во рамки на рамномерниот регионален развој, реализирани се десет проекти со вкупна вредност од 82.061.357 денари се завршени или се во фаза на реализација: за подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, за подготвителни активности за повеќе локални патни правци.

– Никогаш како овие три години не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој. Постигнувањата во овој североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува тоа, рече Спасовски.

Тој ги потенцираше и предностите на оваa општина во однос на развој на планинскиот, селскиот и културно-историскиот туризам, напоменувајќи ги Меморијалниот центар АСНОМ, манастирот „Св. Ѓорѓи“ од 11 век, природните убавини и реткости. Заради ова, смета Спасовски многу е важна поддршката на Владата за заштита на животната средина, руралниот развој, туризмот. Местоположбата на општината, додаде, и овозможува да реализира прекугранични проекти со Србија и Бугарија, како и користење на фондовите од ЕУ.

Градоначалничката Јовановска изјави дека Владата изминативе три години и помагала на општината која припаѓа на најнеразвиениот, североисточен регион со проекти кои овозможуваат квалитетен живот на граѓаните.

– Претходната власт воопшто не обрнуваше внимание на овој регион и на општината во која има поголем број села од разбиен тип, Општината сама не можеше да реализира толку проекти без поддршка од Владата, изјави Јовановска.

Таа се надева дека и во наредниот период ќе има поддршка од Владата од кои бенефит ќе имаат жителите на Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата