(ВИДЕО) Спасовски: Институциите остануваат будни и посветени на здравјето на граѓаните

Од:

„Сите ние во Владата го посветуваме времето на здравјето на граѓаните. Правиме се што можеме за да спречиме ширење на вирусот. Во полн капацитет работат сите институции. Комисијата за заразни болести работи секој ден под раководство на министерот Венко Филипче. Сите во Владата сме посветени да ги решаваме проблемите. Носиме и важни и храбри одлуки, и иако тие изгледаат рестриктивни, сепак мораме да се справиме со ширењето на вирусот. Сите институции функционираат, сите стручни лица се ангажирани и делуваат согласно препораките“, изјави вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој потенцираше дека свој дел во целата операција за заштита од коронавирусот имаат самите граѓаните, односно како тие ќе покажат одговорност и грижа за своето, но и за здравјето на другите.

„Да го земеме Дебар, таму сме ние секој ден со граѓаните за да можат полесно да го надминат ова. Благодарение на градоначалниците на Дебар и Центар Жупа, како и на сите институции, ние таму вложуваме натчовечки напори за да ја одржиме ситуацијата под контрола. Свој удел во ова секако дека имаат сите граѓани. Секој поединечно мора максимално да ги почитува препораките и да се придржува кон забраните. Сите капацитети на државата се на терен и важно е тие да функционираат на територија на цела држава. Постојано работат лекарски тимови, денеска имавме нови тестирања, за среќа сите негативни. Иако немаме нов случај, сепак мораме да сме будни и да го даваме својот влог. Сите медицински работници се вложуваат, но признание мора да им се даде и на лекарите, на медицинскиот персонал, полицијата, армијата, центрите за справување со кризи и сите други кои несебично ја сфаќаат серизноста на ситуацијата и се жртвуваат да помогнат. Значи, од една страна правиме се животот на сите да ни тече нормално, а од друга да го спречиме ширењето на заразата“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он