(ВИДЕО) Спасовски и Стефановиќ во Гевгелија: Ја продлабочуваме соработката

Од:

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ денеска го посетија транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде во моментов се наоѓаат полициски службеници од МВР на Република Србија.

Полициските службеници од Србија заедно со македонските колеги патролираат и вршат зајакнат надзор на граничната линија кон Грција и учествуваат во секојдневните работни задачи и активности во транзитниот центар во Гевгелија околу регистрација на мигрантите, и останати работни задачи поврзани со мигрантската криза.

– Сметам дека сите заеднички преку координација, преку барање одлуки коишто можат да го решат овој проблем, ќе го надминеме проблемот, бидејќи навистина луѓето кои транзитираат низ западно- балканската рута се луѓе кои бараат заштита и ние сме должни преку сите меѓународни конвенции тоа да го обезбедиме, меѓутоа исто така сме должни, да ја зачуваме сигурноста и безбедноста на нашите држави и на регионот, рече Спасовски.

Српскиот министер Стефановиќ истакна дека досега во Србија се регистрирани околу 600 илјади мигранти кои транзитирале и заминале од земјата, но оти се очекува бројот на мигранти кои ќе доаѓаат во земјата на дневна основа да се зголемува. Според него, можно е бројот од 2.500 до 3.500 мигранти, колку што сега дневно се регистрираат, на пролет да се зголеми дури на 8 илјади.

Српското МВР, според Стефановиќ ќе започне со првична подготовка на превенција од какви било терористички напади во земјата, кои не се исклучуваат ниту во балканските земји.

Стефановиќ истакна дека е потребно воспоставување единствен систем на биометриски податоци за регистрирање на бегалците што многу би помогнал за земјите каде што минува мигрантската рута.

Проблемот на тероризмот, според Спасовски е глобален и, како што вели се прават напори за справување со илегалните преминувања на границите.

– За овој период додека работиме заедно со колегите од Србија, имаме седум такви обиди на криумчарење нелегални мигранти, додека со другите полициски службеници кои се заедно во соработка со полицијата на Македонија преку 25 нелегални обиди, рече тој.

Од работниот состанок на двете делегации, како што соопшти македонското МВР, произлегол заклучок дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во наредниот период со преземање на конкретни мерки и активности кои произлегле од работната дискусија.

Двајцата министри се договориле и околу размена на информации од службите кои ја покриваат проблематиката за борба против тероризмот и терористичките закани.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ