ВИДЕО: Спасовски и Брнз на оперативно-тактичка вежба на МВР и амбасада на САД

Од:

Денеска, во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Вежбата беше изведена на три локации – дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации, а амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа: Напад на конвој; Насилни демонстрации; Активен пукач; Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес); Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД; Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар); Укажување на прва помош.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ