(ВИДЕО) Спасовски: Нема да се дозволат меѓуетнички тензии поради политички интереси

Од:

Општа констатација е дека Тетово е град на сиромаштија. Тетово е град на луѓе кои се иселуваат, претежно млади луѓе и затоа мораме да најдеме сили и начини да се спротивставиме и да се избориме за поинаква Македонија во којашто младите луѓе ќе сакаат да ја градат сопствената идина овде, во државата“, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи.

„Затоа, разговаравме за многу мерки коишто ќе значат задржување на младите во Република Македонија, останување овде со нивните семејства и да образованието, стручноста којашто ја постигнале во македонските универзитети ја вложат за успехот на оваа држава.

Исто така, граѓаните на Тетово жестоко реагираат на рушењето на Уставниот поредок во Република Македонија. Мораме овој глас на народот, којшто е упатен пред се до Уставниот суд или до нарачателите на носењето на одлуката којашто се носи за рушење на Уставниот поредок да биде јасно дека граѓаните на Република Македонија, граѓаните на Тетово без разлика на национална и верска припадност застануваат зад државата, застануваат зад Република Македонија и застануваат зад Уставот на Република Македонија.

Овде од Тетово порачуваме, Македонија мора да биде едно општество, држава на сите граѓани, без разлика на која вера, на која нација припаѓаат. Македонија не смее да дозволи заради политички интереси да се предизвикуваат тензии и меѓуетнички конфликти. Нема да дозволиме заради интерес на одерени политичари или интерес на одредени политики граѓаните на Република Македонија да страдаат и меѓусебно да се конфронтираат.

Во тој дух пораката е могу силна од Тетово. Сите граѓани на Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците и сите останати сакаат да живеат во слободна, во демократска, во просперитетна Република Македонија. Македонија којашто ќе нуди место за секого и Македонија којашто ќе дава шанса на секој граѓанин“, изјави Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството