(ВИДЕО) Спасовски: Граѓаните ќе изберат повисоки плати и правда за сите

Од:

„Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров од ден на ден стануваат се поочајни и потрагични. Соочени со фактот дека граѓаните на 11 декември ќе им испорачаат тежок пораз, ВМРО-ДПМНЕ и Тодоров продолжуваат да ја лажат македонската јавност.

И затоа оттука, од срцето на Куманово им порачувам дека никави лаги за федерализации, за поделби нема да ги спасат од тешкиот пораз на 11 декември. Граѓаните се изморени од коруптивната власт и лажните ветувања.

Затоа на 11 декември, граѓаните ќе го изберат Планот за живот во Македонија како најдобра опција за излез од ова десетгодишно тонење. Граѓаните ќе изберат повисоки плати, ќе изберат пензии кои ќе ги следат животните трошоци. Ќе изберат просечна плата од 30 000 денари.

Младите ќе се одлучат за планот за живот во Македонија. Ќе се одлучат да останат тука. Ќе се одлучат за вистинска помош на домашните компании, за вистински проекти а не за лажни ветувања.

Граѓаните ќе се одлучат да има правда за сите. Да има правда и правичност за секој граѓанин подеднакво. Ќе се одлучат да се врати украдено, а криминалците никогаш повеќе да не управуваат со нашите животи.

Тодоров, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ можат да лажат за што сакаат и колку сакаат, граѓаните веќе одамна не им веруваат.

На 11 декември граѓаните ќе ја поразат фамилијата во ВМРО-ДПМНЕ и сплотено ќе се одлучат да изберат живот, да изберат правда во Македонија“, рече Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски