(ВИДЕО) Спасовски: Добра селекција на кадри и континуирани обуки за градење на полициски интегритет

Од:

Реформскиот процес во полицијата, за што се однесува и дел од Извештајот на ЕК, е започнат, но нема да биде краток, туку долг процес, оти таа не подразбира само реформа на законите, подзаконските акти, туку и на размислувањето, а токму преку ваквите програми за континуирана обука и образование треба да ја направатат таа реформа за да можеме да имаме полициски службеници кои ќе бидат по мерка на граѓаните и во интерес на институциите.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод промоцијата на обуката организирана преку Програмата на одделот за внатрешна контрола, криминалитички истраги и професионални стандарди при МВР, насловена „Јакнење на интегритетот на полициските службеници“ во соработка со Здружението на новинари на Македонија и Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права.

– Изминаа 11 години во кои што и довербата и интегритетот на полициските службеници во континуитет беше уриван и навистина немаме и нема да имаме успех во безбедноста доколку немаме полициски службеници со вистински интегритет. Полицискиот интегритет значи одговорност, чесност, посветеност во работењето, однесувањето спрема граѓаните и спрема сопствената работа и тоа се постигнува само преку добрата селекција на кадри кои што влегуваат во МВР, преку контиуирани обуки, кои што треба да се преземаат и преку мерките на контрола., рече Спасовски.

Во однос на мерките на контрола посочи на внатрешната контрола, за која вели сега го јакнеме интегритетот и капацитетите на овој сектор, како и на воспоставувањето на надворешен механизам на контрола на полицијата што се воведува прв пат, а кој што ќе делува во рамките на Народниот правобранител а во кој ќе биде вклучен и граѓанскиот сектор.

Насер Селмани од ЗНМ, го поздрави тоа што после 10 години МВР го отвора прашањето за интегритетот на полицијата, кое што е, вели, поврзано и со довербата на јавноста.

– Свесни сме дека довербата на полицијата и на другите институции е на ниско ниво, и веројатно за тоа има причина. Ние како новинари сме вклучени во тоа затоа што сакаме да помогнеме, а и лично сме засегнати како полицијата настапува против нападите кон новинари. Она што не загрижува е постоењето на политика на неказнивост. И покрај тоа што има промена во однос на полицијата кон овие напади за жал ние се уште немаме резултати. Помина времето на фалење со зборови, сега е време кога треба да испорачаме резултати, рече Селмани.

Тој рече дека во наредниот период период во фокусот ќе им биде тие предмети кои се поблиску до расчистување полицијата да ги процесуира до Обвинителството и да почне постапка, затоа што се додека насилниците не одговараат и не бидат казнети од институциите, новинарите нема да бидат безбедни и нападите нема да престанат.

Запрашан до каде е случајот со кривичните пријави за двајцата полицајци – еден за фалсификувана диплома, а другиот за продажба на марихуана, министерот Спасовски рече дека се покренати кривични постапки и дисциплински постапки во МВР, кои се се водат паралелно.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија