ВИДЕО: Советот во општина Тетово конечно ќе профункционира

Од:

По речиси три месеци пауза, Советот на општина Тетово конечно ќе почне да функционира, откако владејачката коалиција на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги договори условите за работа. Седница на Советот е најавена за в четврток.

Според неофицијални информации, претседавач на Советот ќе биде носителот на советничката листа на ДУИ, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие директори на две средни училишта во Тетово.
Од општинските штабови на двете партии велат дека се задоволни од заеднички постигнатиот договор, кој бил во интерес на сите граѓани, иако сè уште не сакаат да откријат детали од последните преговори.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија и актуелен советник во општината, Драган Давидовски, ја повика владејачката партија пред јавноста да ги презентира деталите од постигнатиот договор.

„ВМРО-ДПМНЕ има единствена можност, по долго време, на Македонците да им обезбеди сериозна политичка функција во Општина Тетово, односно претседател на Советот. Сè друго освен тоа би било небитно за политичкото дејствување на Македонците во оваа општина“, смета Давидовски.

Инаку, предизборниот договор меѓу владејачките коалициски партнери беше причината што Советот не одржа ниту една седница.

Наводно, раководството на владејачката партија од албанскиот политички блок одбивала да ги исполни дадените ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ како возврат за тоа што македонските гласачи во Тетово на последните локални избори својот глас го дадоа за Теута Арифи.
Г. М.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски