(ВИДЕО) Советниците на СДСМ поднесоа претставка до ДКСК за скандалот „кумска врска“ во општина Штип

Од:

Денеска советничката група на СДСМ во општина Штип поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција за скандалот „кумска врска“. Очекуваме во рамки на своите надлежности, ДКСК да постапи, да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип и да утврди дали постои судир на интереси, изјави Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ.

– Јавноста е запознаена за овој скандал што ја тресе општина Штип раководена од градоначалникот од ДПМНЕ, Иван Јорданов. Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма на чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет. Дополнително освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Повикуваме ДКСК да отвори предмет за скандалот и да утврди, како тоа пари на граѓаните завршуваат во џебовите на семејно-кумските врски во Штип – праша Стојчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите