ВИДЕО: Сопрено уништувањето на Водно за гасоводот, работно тело ќе го преиспитува случајот

Од:

Владата, Акционерското друштво „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) и Град Скопје ќе го преиспитуваат последното уништување на зеленилото на Водно поради изградба на гасоводот. Од Град Скопје велат дека градежната механизација ангажирана од МЕР се искачила на Водно без најава и без одобрение отстранила дел од зеленилото. Градежните работи се стопирани, објави „Макфакс“.

„Градот Скопје не е поврзан со градежните активности што во изминатите денови беа забележани на сртот на планината Водно. Сакаме да нагласиме дека Град Скопје не беше запознаен со почетокот на градежните активности на посочената локација и апсолутно се спротивставува на уништувањето на зеленилото. По добивањето на информациите, Град Скопје веднаш реагира. Според процените, направена е минимална штета и во моментот градежните активности се целосно стопирани. Град Скопје, Владата на Република Македонија и МЕР ќе формираат работна група со цел надминување на ова недоразбирање и заедничко одлучување за натамошните чекори“, велат од Град Скопје.

Во вторникот минатата недела, в зори, четири багери се искачиле на Водно на местото кое шумарите го знаат како Бел Камен, над селото Чифлик, и почнале да го рамнат теренот. Уништено зеленило има по целиот пат што води до Бел Камен, каде што поминале багерите, а на местото каде што почнала подготовката на теренот за гасоводот, пак, откорнати се неколку борови. Израмнет е простор со должина од речиси 200 метри и ширина од 25 метри.

За изградба на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар е ангажирано друштвото „Рапид билд“ ДОО Куманово. Според објавата на Бирото за јавни набавки, оваа фирма треба за 28 милиони евра да ја изгради делницата од Скопје до Гостивар. Договорот со оваа фирма бил склучен во октомври 2010 година, но од МЕР не одговорија на прашањата дали механизацијата на Водно е на оваа градежна компанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето