ВИДЕО: Собранието ќе ги учи пратениците на однесување со Етички кодекс

Од:

Во следниот мандат, Собранието ќе донесе Етички кодекс за примерно однесување на пратениците, изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на денешниот меѓународен семинар „Структура и процедури во поглед на етичките кодекси за пратениците и интегритетот на парламентарната служба“.

Според Вељаноски, во претходниот мандат Кодексот не успеал да се донесе, но уверува дека наскоро тоа ќе биде успешно завршено. Како што напомена, потребна е волја и подготвеност тоа што се стави на хартија да се применува во секојдневието.

– Потребно е во ваквите намери да се истрае и повеќе од потребно е да се надминат дневно политичите случувања со конструктивна дебата, водејќи сметка за професионалните етички стандарди. Со Етичкиот кодекс се воведувааат принципи на однесување на парламентарците, како носители на јавна функција доделена од граѓаните, со која треба да се обезбеди транспарентно и одговорно работење на законодавниот дом – изјави Вељаноски.

Според него, етиката ги определува стандардите за она што е добро, а што лошо при донесувањето одлуки.

Евроамбасадорот Авио Орав порача дека етички кодекс по настаните од 24 декември треба што побрзо да се донесе, а препораките произлезени од  „црниот понеделник“ содржат клични промени во функционирањето на законодавниот дом.

– ЕУ стои до вас како партнер, но не можеме да ви ги завршиме работите ова бара политичка волја, храброст и решителност. Сите, од гласачите до партиските членови треба да обезбедат демократија која е многу битна – изјави Орав.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи