(ВИДЕО) Со турканици, скршени стакла и навреди по 7 години Живко Митревски сменет од претседател на ССМ

Од:

Во тензична стмосфера, со турканици, навреди и искршено стакло на влезната врата, вака заврши седумгодишното владеење на Живко Митревски со Синдикатот.

Дарко Димовски е новиот претседател, а за ова има потврда и со запишување во од Централниот регистар. Но тој не успеа на мирен начин да влезе во својата канцеларија. Беше спречен од обезбедувањето.

Митревски побара рок до 15 часот беше за фер примопредавање на функцијата. Но, не дојде на договореното примопредавање. По возачот ги прати печатите, но не и клучот од канцеларијата. Бравата беше обиена со бо-рмашина и новиот претседател влезе во канцеларијата.

„Апелирам уште утре да се организираме и да се вселиме, овде не завршуваме, дури сега не чека работа, можни се и опструкции од Живко Митревски. Дадовме заклетва пред работниците дека ќе ги подигнеме работничките права на највисоко ниво, се во интерес на работничката класа“, изјави  Димовски.

Митревски најави кривични пријави против министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и против директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Трендафилов: Постапката за Работничкиот дом ќе се повтори