(ВИДЕО) Смилеска: Обезбедуваме државна социјална пензија за сите лица над 65 години

Од:

„Имаме план и мерки да ги извлечеме граѓаните од сиромаштијата во која ги втурна криминалната власт на Никола Груевски.

Обезбедуваме пензија за секого!

Тоа значи, државна социјална пензија за лица над 65 години кои ги немаат остварено условите за пензија, а живеат над 20 години во Македонија.

Секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добива 12.000 денари месечно.

Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа мерка. На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус.

Го стопираме сомнителното и незаконско доделување на социјални станови, како што е случајот со Прилеп. Станови ќе добиваат исклучиво лицата кои навистина ги исполнуваат законските  услови.

Социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ранливи категории граѓани кои имаат потреба од дом.

Воведуваме социјална дебитна картичка – Солидарност.

Нашата цел е да се намали стапката на сиромаштија под 16% до 2020 година. Тоа и ќе го направиме!

Почитувани сограѓани, завршува криминалното владеење на Никола Груевски!

Обезбедуваме живот за сите граѓани на Прилеп.

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија“, изјави Кети Смилеска – Кандидат за пратеник во изборна единица 4.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски