(ВИДЕО) Смилеска: Бесплатно болничко лекување за сите граѓани на Република Македонија

Од:

„Криминалните политики на Никола Груевски завршуваат.

Здравствениот систем на Никола Тодоров, наместо да лечи, поболува!

Болниците се во долгови до гуша.  Набавките на модерната медицинска апаратура и лекови, се сведуваат на многубројни наместени тендери и бизнис интереси.

Недостига медицински материјал и лекови за наједноставни здравствени интервенции.

Пациентите се препраќаат од едно на друго место, болните молат за помош, а на листите за чекање им нема крај.

После 11-ти декември, од корен ја менуваме сликата за јавното здравство.

Новата Влада предводена од СДСМ, ќе воведе бесплатно болничко лекување за сите граѓани на Република Македонија.

Партиципацијата ќе ја укинеме! Секој што има потреба од здравствена нега, ќе ја добие.

Двојно ќе ги зголемиме платите за докторите и помошниот медицински персонал.

Специјалистите ќе примаат минимум 100.000 денари плата. Тоа се минимум 1600 евра плата, со која ќе ги мотивираме да останат во јавното здравство и да се грижат за здравјето на сите граѓани.

Докторите ќе работат во Македонија, нема да бегаат во странство!

Ќе ги зголемиме квотите на државните специјализации. Ќе дадеме предност на дефицитарните специјализации според потребите на регионите.

Ќе обезбедиме достап до матичен гинеколог за секоја бремена жена.

Ја зголемуваме капитацијата по пациент за матичните стоматолози од 40 на 70 денари.

На позитивните листи ќе има најмалку еден бесплатен лек од секоја генерика.

Во сите болници и јавни здравствени установи, ќе инсталираме постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

Никогаш повеќе да не се повтори сликата со измрзнати пациенти и доктори што работат во „камен ладни“ операциони сали.

Имаме план за јавно здравство со квалитетни и лесно достапни услуги за сите граѓани!

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија“, изјави Кети Смилеска – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски