(ВИДЕО) Слаба излезеност на повторните локални избори: До 13 часот гласале 8,9 отсто, едно избирачко место неотворено

Од:

До 13 часот на повторните локални избори гласале 11 217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места.

Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

-Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 отсто, во општина Гостивар 8,74 проценти или 7 043 гласач, во Маврово – Ростуше 10,03 отсто или 1 061 лице, додека во општина Центар Жупа 6,61 проценти или гласале 500 избирачи, истакна Алексовска.

Би можело да ве интересира

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

Повторени избори за градоначалник денеска во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

До 19 часот гласаa 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Горан Наумовски

До 15.30 часот во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа гласале 242 болни или немоќни лица од пријавените 249

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски