ВИДЕО: Скопје блокирано поради меѓувладината седница со Косово

Од:

Сообраќаен метеж, сирени од автомобили и нервозни возачи утрово има на сите пристапи кон центарот на Скопје. Автомобилите повеќе стојат заглавени отколку што се движат. Сообраќајот го регулира полиција, но речиси и да нема раскрсница која не е блокирана од возила.

Дел од улиците во центарот се затвораат за сообраќај поради движењето на делегацијата од косовската Влада која денес ќе има заедничка седница со македонската Влада.

Министерството за внатрешни работи уште вчера најави изменет режим на сообраќајот во центарот на Скопје, но не соопшти на кои улици. Од таму апелираа, оние кои можат, да го избегнуваат центарот на градот оти сообраќајците ќе ги затвораат улиците по потреба.

„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, најави вчера МВР.

Од таму побараа учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници за непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош