(ВИДЕО) Сите кршеа мраз за да го фрлат крстот во Берово

Од:

Минусните температури кои ноќеска достигнаа и до -19 во Берово ја замрзнаа водата на Брегалница. Додека стотина граѓани го следеа чинот на осветување на водите, неколкумина со скала и секира се обидуваа да го скршат мразот со цел да се одржи традиционалното фрлање на крстот.

Од студените води на Брегалница во Берово, Светиот крст го извади средношколецот Ацо Андонов кој живее во Групниот дом за деца без родители во Берово. Шеснаесетгодишното момче беше најсреќно од 10-ината беровци кои се фрлаа во водите на Брегалница. Тој посакува здравје, среќа и бериќет.

– Многу сум возбуден за прв пат го фаќам крстот. Се надевам дека ќе ми донесе среќа и ќе ме благослови, рече Андонов.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината