ВИДЕО: Синот на Муса Џафери го нападна Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна среде кафеана

Од:

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, бил нападнат од Аријанит Џафери, син на поранешниот министер и вицепремиер, Муса Џафери додека седел во ресторан во Дебар маало. Нападот се случи неколку минути пред 12 часот и е пријавен во полиција. Очевидци веќе споделија неофицијални информации дека пред нападот врз Бислимовски, претходела расправија поради незадоволството на Џафери што Регулаторна комисија започнала постапка за одземање лиценца на неговата фирма.

„На 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за „А1он“

Бислимоски според информации на „А1он“ бил удиран по глава и во пределот на телото, а по нападот, Џафери заминал од местото. Претседателот на РКЕ останал, пријавил и чекал да дојде полиција.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов

Бислимоски: Нема да има никаков ценовен шок

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

Орце Костов

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

Орце Костов