(ВИДЕО) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок

Од:

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „А1он“ и „Макфакс“ тој вели дека негов личен став е во пописните материјали да нема поле за етничка припадност. Свесен е дека со ваквата изјава отвора пандорина кутија по прашањето на етничката припадност и очекува да се развие дебата околу тоа дали треба да се пребројуваме и на овој начин. Неговиот став е дека етничката припадност е менлива категорија и податок кој од нив како институција досега се барал само во политички цели па затоа смета дека не треба да се најде во пописните материјали.

Се залага за укинување на етничките квоти при запишувањето на факултетите и апелира сите да почнеме да размислуваме граѓански а не етнички.

За веќе усвоените закони базирани на етничка припадност, Симовски вели дека се завршена работа и еднаш веќе даденото право не може да се укине без разлика на пописот.

Според него, најдобар датум за пописот е 1 април 2020 година. Симовски вели дека трошоците за пописот не треба да надминат 8,5 милиони евра. За првпат при опишувањето ќе се користи електронски регистар на население како носечки столб што ќе ги обедини податоците за граѓаните од сите други бази на податоци кои ги имаат институциите.

Неговите очекувања од крајниот резултат од пописот не се оптимистички. Смета дека бројот на населението ќе биде помал во однос на последниот попис поради големиот број иселувања.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски