(ВИДЕО) Силјановска Давкова: Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска

Од:

Во рамките на кампањата за Претседател на Република Македонија на кандидатката Проф. Др Гордана Силјановска Давкова на митингот што вечерва се одржа во Неготино се спротивстави на мислата на филозофот Хегел кој смета дека секој народ ја заслужува својата власт. Според Силјановска, Хегел не е во право затоа што македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.

-Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска! Мислам дека вие не ја заслужувате оваа власт, тоа треба да се смени и по овие претседателски избори ветувам дека ќе го сторам она што го очекувате од мене. Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг. Во Македонија сега постојат две држави во една, две собранија, два премиери и за тоа вината е и кај шефот на државата. Негова улога е обединува и да помирува, да гради единство меѓу власта и опозицијата, меѓу мажите и жените, меѓу лицата со попреченост и другите, изјави кандидатката.

Според Силјановска Давкова сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници и затоа сме држава што не ужива углед во светот.

– Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт, изјави Силјановска Давкова во Неготино.

Според кандидатката за претседател сликата за државата е сликата на претседателот, премиерот, спикерот, амбасадорите, претседателката на врховниот или уставниот суд.

– Претседателот има директна одговорност за лошата слика за земјата во светот затоа што тој ги потпишува указите за амбасадорите. Претседателот има одговорност за правосудството затоа што таму предлага членови на Судскиот совет. За уставниот суд каде исто така предлага членови исто така има вина затоа што нашиот највисок суд не е познат како бранител на човекови права и слободи, порача кандидатката Гордана Силјановска Давкова од Неготино.

Би можело да ве интересира

Средба Сиљановска Давкова-Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Вагнер: Германија нема да дозволи „сиви зони“ во Европа, Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор

Сиљановска-Давкова ќе се придржува до уставното име, велат од Кабинетот на претседателката

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

Орце Костов

„Еурактив“: Претседателката на Северна Македонија предизвика контроверзии на инаугурацијата

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов