(ВИДЕО) Шутаров: Тендер од 136 милиони е причината за кавгата со Арсовска, Мицкоски да каже која е неговата улога?

Од:

„Пари од тендер вреден 136 милиони евра е причината за жестоките кавги меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски. Една година по локалните избори се виде вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„Тоа е истата партија на која и се битни само провизиите, тендерите со народни пари, не и се важни интересите на граѓаните.

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да каже која е неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра?

По сите јавни обвинувања за наводен криминал, треба да реагираат и надлежните институции и да го истражат овој случај.

Ниту граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не.

Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема.

Тоа, со ваква градска власт, за жал не е возможно“, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски