(ВИДЕО) Шутаров: Сите советници во Скопје да ја поддржат иницијативата и мерките на СДСМ за борба со загадениот воздух

Од:

„Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска ја поднесе иницијатива за одржување вонредна седница на Советот за загадувањето на воздухот во главниот град. Оваа инцијатива, со советнички потписи е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ“, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„Ги повикуваме сите советници, посебно советниците од ВМРО-ДПМНЕ како најбројна советничка група, да дадат поддршка на оваа иницијатива во интерес на скопјани.

Претседателот на Советот, Трајко Славевски да ја прифати иницијативата и да закаже седница што побрзо, имајќи ја предвид итноста на ситуацијата.

Советничката група на СДСМ има дополнителни предлог мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето и кои треба што побрзо да се усвојат.

Под еден: итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

Под два: воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Подготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Ги повикуваме сите советнички групи во Советот на Град Скопје да ја поддржат иницијативата и заедно да ги донесеме овие клучни мерки, да придонесеме до намалување на загаденоста на воздухот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да тера инает да се приклучи на оваа иницијатива.

Ова не е време за политика туку за делување.

Мерките против загадувањето на воздухот, се од значење за сите граѓани на Скопје“, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он