(ВИДЕО) Шутаров: Повеќе од една година Скопје е заглавен град заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Повеќе од една година Скопје тоне во хаос и бесперспективност поради неспособноста и кавгите за рацете во медот помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Наместо проекти, решенија, наместо модерно Скопје денеска скопјани живеат во заглавен град со нефункционални јавни претрпијатија“, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„Бас рапид транзит, готов проект со обезбедени 70 милиони евра беше намерно прекинат од ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и меѓународниот углед на Скопје.

Покрај нивелирањето шахти, единствен успешен проект на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ беше вработувањето на стотина партиски војници во Град Скопје, како и назначување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ за членови на управни и надзорни одбори во градските јавни претпријатија.

Колку ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска успешно менаџираа со Градот покажа недостигот на тонери кога цел месец граѓаните и администрацијата мака мачеа со издавање документи.

За овие 14 месеци не само што нема нови проекти, не само што не се реализираат населедените, не функционираат ниту редовните услуги на градот.

Јавниот превоз е колабиран, ЈСП е во долгови, хаос е во „водовод и канализација“ но и во ЈП „Дрисла“. Ова е ефектот од сработеното на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во првата четвртина од нивниот мандат. Со ВМРО-ДПМНЕ како градска и општинска власт, Скопје е заглавен град како што државата 11 години беше заглавена.

Градоначалниците и мнозинствата во советите од ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните досега и се најголемото разочарување за граѓаните“, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски