(ВИДЕО) Шутаров: Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје е пред банкрот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и нивната неспособност се причината што Град Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот. Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра“, рече Гордан Шутаров, советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле овие пари на граѓаните. Чии се раце се бркнати во медот?

За сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај.

Ова е срамно и недозволиво. Арсовска со Скопје се однесува исто како што се однесуваше со спортската сала ,,Расадник”.

Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и нивниот поддржувач Левица мора да одговорат каде завршија парите на граѓаните.

Тоа да го сторат на следната вонредна седница на Советот за чие оддржување веќе утре ќе поднесеме барање до претседателот на Советот“, соопшти Гордан Шутаров, советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра