(ВИДЕО) Схурман: Мирни не значат и слободни избори

Од:

Мирен изборен ден не е стандард за европска земја каква што е и Македонија. Македонија е членка на Советот на Европа и како членка на ОБСЕ има преземено обврски да обезбедува основни слободи и права, вклучувајќи го и избирачкото право, вели холандската амбасадорка Мариет Схурман во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Мислам дека различните оценки се конзистентни. Нерамноправен терен во предизборната трка, но во основа мирен изборен ден. Можеби треба да се објасни дека имаше различни видови на набљудувачи, а набљудувачите од Парламентарното собрание на ОБСЕ и од Советот на Европа беа тука само за вториот круг од изборите, така што неизбежно нивните оценки се полимитирани од оценките на ОДИХР кои го покриваат целиот период, целиот изборен циклус.

Мојата втора напомена би била дека во основа мирен изборен ден не е стандард за европска земја каква што е и Македонија. Македонија е членка на Советот на Европа и како членка на ОБСЕ има преземено обврски да обезбедува основни слободи и права, вклучувајќи го и избирачкото право и извештајот на ОДИХР е многу јасен во кои обврски и меѓународни стандарди Македонија сè уште заостанува и не ги исполнува своите обврски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември