Црвен тепих, црвени панделки,ножички, соодветни цветни аранжмани. Вообичаена декорација и сценографија за згомелување на величественоста на омилените манифестации на нашите политичари, независно кој е на власт.
Е сето тоа главно додека не заврши аплаузот. Со спуштање на завесата од „претставата“,местото тешко се препознава. Се носи се што било донесено за соодветниот повод. Така беше и денеска.
Откако заврши церемонијата на отворање на новата зграда на Министерството за надворешни работи и откако заминаа сите гости, набрзина почна да се пакува сценографијата. Меѓу останатото, откако ја извршија својата функција беа отстранети и засадените растенија и декорацијата од жарденериите на влезот пред МНР.