(ВИДЕО) Штипските социјалдемократи избраа ново раководство

Од:

Штипските социјалдемократи на синоќешната конференција му дадоа легитимитет на старо-новиот претседател на општинската организација, Владимир Милошев, едногласно прифаќајќи ја предлог-листата за членови за извршниот и за надзорниот одбор на општинската организација.

На конференцијата присуствуваше и потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, кој во своето обраќање пред присутните истакна дека постапката за избор на нови раководства на општинските организации е на самиот крај, а веќе од следната недела ќе се започне и со презентацијата на новата програмска платформа со која во следниот период социјалдемократите ќе ја бараат довербата на граѓаните.

„Со изборот на извршниот и на надзорниот одбор, општинската организација е комплетирана како раководство. Започнуваме со реализација на новиот концепт на дејствување, кое ќе биде усогласено со политичката платформа на новото централно раководство на СДСМ“, изјави Владимир Милошев, претседателот на ОО на СДСМ-Штип.

За место во новиот извршен одбор на општинската организација успеаја да се изборат дел од членовите што веќе беа дел од ова тело во претходниот мандат, но голем е бројот и на оние што за првпат ќе бидат дел од највисоките структури на општинската организација.

На штипските социјалдемократи им останува уште да изберат секретар на општинската организација и со тоа да го формиран целиот тим, кој ќе треба да треба да го врати општинската организација на победничката патека.

М.Р.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни