(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Од:

Неспособноста и лагите на Орце Ѓоргиевски, се вистинска слика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Орце не можеше да ги реши основните проблеми на општина Кисела Вода, не успеа ниту сметот да го исчисти. А сега истиот тој Орце ветува дека ќе го исчисти целиот град за 72 часа, изјави Кети Штерјова – кандидатка за советничка во Град Скопје.

– Граѓаните не може да му веруваат дека ќе исчисти Скопје за 72 часа, кога четири години не успеа да ја исчисти ниту Кисела Вода. „Расадник“ е школски пример за неговата неспособност. Погледнете, ѓубре на секој чекор, неподнослива нечистотија, граѓани кои со денови не можат да ги отворат прозорците. Инфраструктурен хаос, недостиг на паркинг места и кучиња скитници насекаде. За Ѓоргиевски 72 часа не се доволни само „Расадник“ да го среди, а камоли цело Скопје. Ова е вистинското лице на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Од Данела Арсовска до Орце Ѓоргиевски, резултатот е катастрофа. Скопје е претворено во град на ѓубре, диви депонии и загадување. Со Орце и ДПМНЕ Скопје никогаш не било повалкано и позапуштено. По четири години целосна власт во Скопје, граѓаните живеат во град кој претставува ризик по нивното здравје и живот. За оваа состојба ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорно. На скопјани им е преку глава од лаги, нечистотија и депонии. Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ не се решение на проблемот со ѓубрето во Скопје тие се самиот проблем! Затоа следува казна од граѓаните на изборите. Скопје заслужува подобро, нагласи Штерјова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците