(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ очајно бара спас во судии

Од:

Што само зборува денешната седница на Судскиот совет строго контролиран орган од страна на ВМРО-ДПМНЕ, зборува за дволичноста на ВМРО-ДПМНЕ во фазата на разговори и преговори за надминување на политичката криза. Денеска се бира претседател на скопска Апелација, претседател на Основниот суд во Струмица и неколку други основни судови, во услови кога договорено е да биде отворено и прашањето за работата на судовите уште со потпишување на јунскиот договор и кога е извесно дека по завршувањето на темата за преговори за медиумите, следното прашање коешто ќе се отвара за преговори е прашањето за судовите. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ едно декларативно зборува, друго работи зад грбот на македонската јавност, како што е овој случај и со Рамковниот договор, одговори Петре Шилегов на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

Останатите прашања и одговори:

П2: Ова е вашиот став дури и да е истечен рокот …?

Ништо досега не го попречуваше ВМРО-ДПМНЕ, освен патолошката желба за одлагање на разговорите и преговорите за постигнување на договор по отворените прашања за надминување на политичката криза – да го отвориме и прашањето за судовите, бидејќи тоа знаете е обврска од 2-ри јуни наваму. ВМРО-ДПМНЕ прави `се, секоја точка од пржинскиот договор да се одлага што е можно повеќе, со цел да се доцни со термините за постигнување договор.

П3: Што значи овој договор што го кажавте за Македонија? Дали значи федерализација, двојазичност?

Во оваа фаза е прерано да се каже, тоа е прашање кое што ќе треба да го одговори Никола Груевски, имајќи предвид дека тој потпишал како претседател на Владата што ја застапува договор со Европскиот институт за мир за ревизија за Рамковниот договор. Што може да биде тема на таа ревизија што ја потпишале е прашање што треба да го одговори Владата, не ние.

П4: Рековте дека се борите за демократија, а преговарате за медиумите без нивно присуство?

Значи веќе еднаш кажавме, Социјалдемократскиот сојуз е единствената политичка партија којашто официјално ги покани најрепрезентативните претставници на медиумите, тоа е независниот Синдикат на медиуми и Здружението на новинарите на Македонија. За нашите позиции се секогаш навремено известени овие две организации. Не разговараме надвор од новинарите за медиумите, разговараме токму заедно со нив. Проблемот во Република Македонија е што заради начинот на владеење на оваа гарнитура состојбата во медиумите е таква каква што е.

Би можело да ве интересира

Божиновска: ДКСК да постапи по незаконското поставување на Велковски за секретар на Град Скопје

Ристова: Осум милиони евра исплатени кон граѓаните во првите три месеци преку мерката Мој ДДВ

СДСМ: Незаконски поставениот генерален секретар на Град Скопја да поднесе оставка

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: Повисоки плати и пензии со заштеди од 200 милиони евра со ребалансот на Буџетот

(ВИДЕО) Георгиевски: Националниот план за храна дава резултати, силно го помагаме производството на стратешки култури

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Каевски: Ребалансот на Буџетот обезбедува заштеди од 200 милиони евра и повисоки плати и пензии

Ана Ололовска

Leave a Comment

5 × 5 =